Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хегсет: Нема американски трупи во Иран, но не исклучуваме влез на војската

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет демантира дека трупи на САД се наоѓаат на иранска територија, но не исклучува можност за влез на американски сили во земјата, пренесе „Ен-Би-Си њуз“.

На прес-конференција, тој рече дека не може да ги открива идните чекори на Вашингтон, истакнувајќи дека САД „ќе одат далеку колку што ќе биде потребно“, но и оти „нема да се однесуваат будалесто“.

Хегсет нагласи дека целта на американските напади не е промена на власта во Техеран, туку уништување на иранските ракети, погоните за нивно производство, поморските капацитети и другата безбедносна инфраструктура.

„Ова не е т.н. „војна промена на режимот“, но режимот сигурно се промени и светот е подобар поради тоа“, изјави Хегсет.

Тој се обрати и до народот на Иран, порачувајќи дека ја има поддршката на САД и оти сега е време да преземат контрола врз сопствената судбина и да си обезбедат просперитетна и славна иднина. Додаде дека САД не започнаа војна против Ирна, но дека ќе ја завршат.