Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Секој заинтересиран ќе има увид во емисиите на индустриските капацитети преку веб страницата на министерството за животна средина и просторно планирање, тоа е регистарот што го најавив пред нешто повеќе од еден месец и ова работиме, најави Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тоа ќе биде транспарентно за сите граѓани. Стојам за тоа што сум го кажал. Ако евентуално има пречки за реализација и не се реализира, ќе излезам пред јавноста и ќе кажам дека тоа што го ветив не можам да го реализирам заради тоа и тоа и ќе сносам одговорност“, вети Хоџа.

Министерот истакна дека воздухот не го дишат само претставниците на невладините организации или владините претставници, го дишат, како што рече, сите и повика на вложување на максимални напори за да се сочува животната средина и намалување на загадените денови во годината.

С.Д.