Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоџа во ресорот Екологија, Сали наместо Муртезани – предлозите за нови министри на Вреди пристигнаа во Собрание

/

пред 318 дена

Сподели преку :

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од „Вреди“, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртезани, кој  се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.