Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И крајниот рок испорачан од Борел не ја премислува Бугарија

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Ништо не ја премислува Бугарија. Ни неколкучасовниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и на Западниот Балкан, на кој до детали се разговарало на бугарско-македонскиот спор, ни поставувањето на јуни како краен рок за надминување на македонско-бугарски спор и старт на преговорите со Македонија и Албанија, од страна на првиот човек на европската надворешна политика, Жозеп Борел, не ја поместија позицијата на Софија.

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, синоќа по состанокот го повторила добро познатиот став, прво Бугарите во Уставот, потоа старт на преговори за Македонија.

Сепак, според информациите, ни тоа нема да биде доволно Софија да го крене ветото.

„Не е доволно. Другата патека е меѓународно признат договор кој ќе значи дека Скопје ќе треба да го почитува владеењето на правото кое е дел од Копeнхашките критериуми“, изјави Генчовска.

За јуни како краен рок, Генчовска со контрастав, дека процесот на проширување е поврзан со исполнување на критериуми, не со датуми, а најважниот критериумот за Македонија, како што рече, е вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Притоа таа информираше дека со својот македонски колега, Бујар Османи, се во постојан контакт.

„Му го кажувам нему тоа што ви го кажувам и на вам. Всушност, веќе очекуваме конкретни дејствија. Тоа што тој ми го кажа е дека ќе разгледаат конкретни предлози и претпоставувам дека тие ќе бидат формализирани и кон нашето МНР“, рече Генчовска.

Генчовска која синоќа потврди дека врз Бугарија постојано се прави притисок за да го крене ветото кон земјава, на посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Софија в четврток