Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И на хартија и во пракса Македонија е далеку од ЕУ во заштита на животната средина

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Околу 200 закони и подзаконски акти и најмалку 2,3 милијарди евра инвестиции, проценети во 2017, ја делат Македонија од стандардите на Европската унија за здрава животна средина, вклучително третирањето на отпадот, квалитетот на водите и заштита на природата.

Од Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест велат дека Македонија има уште многу работа во однос на усогласувањето на домашнотот со европското законодавство.

Парцијално ги усвојуваме и инкорпорираме директивите од ЕУ во различни области, дали е тоа во областа на амбиентиот воздух, отпадот, водите и друго, но никако да видат бел ден кај нас т.е. никако да се донесат конечно, а дополнителен проблем е тоа што кога ќе влезат како нацрт-закон, тие закони остануваат предолго на ЕНЕР или воопшто не влегуваат во постапка во Собранието, вели Марко Гучески, правник за животна средина од „Еко-свест“.

Освен усогласување на хартија, Македонија треба да покаже и дака законите се спроведуваат на терен.

Евидентно е дека се соочуваме со недостаток на соодветно знаење и на човечки капацитет во адлежните служби, општински и државни, и тоа предизвикува сериозни проблеми, вели Гучевски.

Гучески вели дека тоа што се случува последните 10 дена во Скопје, се случува 30 години во другите градови бидејќи нестадардизираните депонии се се уште непознатица за земјата, но и систематско решавање на проблемот, капацитетите на инспекторатите за животна средина, но и судиите и јавното обвинителство кои ќе треба да постапуваат по ваквите случаи, со оглед дека заштитата на животната средина е дел и од Кривиниот законик.

И она што можеби не беше во фокусот на централните и локалните власти во земјава низ годините кога реферираа на пристапувањето во Европската унија – животната средина, односно Поглавјето 27, кое се смета за за едно од најтешките и најскапите за исполнување, Европскиот парламент и Европската комисија секоја година потестуваа до каде сме во поглед на Унијата.

Па така Европскиот парламент во последната Резолуција за земјава од јули,со загриженост нотира дека квалитетот на воздухот, водата и управувањето со отпадните води остануваат особено предизвикувачки прашања за земјата.

Притоа се повикуваат централните и локланите власти да ги засилат напорите за подобрување на квалитетот на воздухот и да го намалат потенцијално смртоносното загадување, потестувајќи дека ситуацијата е особено алармантна во Скопје.

Ја нагласува итната потреба од давање приоритет на заштитата на животната средина. Силно ги повикува властите да го усвојат потребното законодавство и да ги засилат мерките за биодиверзитетот, водата, воздухот и климатските активности, како и регионалното управување со отпадот, вклучително и преку сеопфатни проценки на влијанието, ригорозно гонење на еколошкиот криминал и соодветни јавни консултации што овозможуваат значајно и транспарентно вклучување на локалните заедници, невладините организации и научните институции, се наведува во Резолуцијата на ЕП.

Македонија не доби добра оценка во делот на животната средина и во последниот извештај за напредокот на земјата од Европската комисија.

Брисел во документот од 2024 година нотираше дека земјата не направила напредок во мониторираните 12 месеци во делот на усогласувањето по хоризонтала на законите поврзан со животната средина.

За подобрување на квалитетот на воздухот бил направен ограничен прогрес, но без законски поместувања. Имплементацијата на законите, генерално, останува слаба точка на земјата.

Инаку податоците на Државниот завод за статистика година покажуваат дека во 2024 во змејава биле собрани 637.471 тони отпад, што е за 2,5 проценти повеќе од 2023 година. Осумдесети и четири проценти од него или 535.606 тони се собрани од домаќинствата, а останатите 16 проценти се комерцијален отпад.

Најголем дел или 85 проценти од отпадот отпаѓа на измешаниот комунален отпад, при што 33.000 тони е органиски отпад, пластика речиси 17.000 тони, хартија нешто над 12.000 тони и најмалку гума нешто повеќе од 1.100 тони.

Најголемо количество комунален отпад е собран во Скопскиот регион – речиси 190.000 тони или 28 проценти од вкупното собрано количество отпад.

Според Државиот завод за статистика, 99,8 проценти од собранието отпад се исфрла на депонија.

Тамара Грнчароска