Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Народна банка се вклучува во преговорите околу каматата за распределба на парите од унгарскиот кредит за фирмите

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Две сценарија се во игра околу каматата за комерцијалните банките при распределбата на 250 милиони евра од унгарскиот кредит за бизнисот, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Во игра се вклучува и централната, односно Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, а неделава во министерството за финансии за разлика од досега ќе има поединечни средби со банките. Дали Владата ќе ги покрие трошоците за кредитниот ризик останува отворено прашање. Конечен договор, според премиерот, ќе има на крајот од оваа или на почетокот од наредната недела.

„Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има министерството за финансии поединечни средби со дел од банките вклучително и Гувернерката на централната банка. Очекувам крајот на оваа или почетокот на наредната да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Да се трудиме компаниите да добијат еднакви историски најниски услови што во овој момент може да се најдат било каде во светот“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот, викендов, по средбата со банкарите кажа дека се разгледува висината на банкарските трошоци и дека тој дел останува да се допрецизира за да може да почне исплатата на парите.

Од друга страна, пак, бизнисот бара што побрзо да почне вбризгувањето на средства, бидејќи на македонската економија и треба поддршка. Околу условите за фирмите кои би аплицирале за средства од кредитот, претседателот на Сојузот на Стопански комори, Трајан Ангеловски, смета дека се поповолни од оние во комерцијалните банки.

„И да се случи субвенционирање на каматите, ова нема да биде првиот случај. И во минатото македонските влади ги субвенционирале каматите. И сите нормални држави на овој свет одлучиле дека им се потребни банки на развој. Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите. Овој кредит во однос на рочноста е поповолен во однос на комерцијалните. Во однос класичните комерцијални камати, 3,25 е добра камата. Ние од приватниот сектор очекуваме дека овие средства ќе ги добиеме преку развојната и комерцијалните банки и ќе биде стимул за развој, инвестиции и нови работни места“, изјави претседателот на ССК, Трајан Ангеловски.

Владата и банкарите викендов договорија рокот за отплата на кредитот да биде до 15 години со грејс период до три години и да може да се исплати и побрзо доколку фирмата која го подигнала може да го стори тоа. Ова прашање беше една од пречките, бидејќи во праксата на банките е овој рок да изнесува од 7 до 10 годни.

Огнен Чанчаревиќ