Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И покрај притворите Русите и денеска положуваат цвеќе во чест на Навални

/

пред 979 дена

Сподели преку :

Руските граѓани и денеска продолжија да положуваат цвеќе на Соловецкиот камен во центарот на Москва, споменикот посветен на жртвите на политичките репресии од времето на Сталин, за да му оддадоа почит на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Тој стана „ад хок“ симбол за замолчените гласови во современа Русија.

Јелена: Тука сме да го почитуваме споменот на еден херој.

Новинар: Го сметате за херој?

Јелена: Да, ние го сметаме за херој.

Новинар: Зошто?

Јелена: Затоа што се бореше за слобода.

Новинар: Зошто е важно да го почитувате неговиот спомен?

Јелена: Затоа што веруваме дека е важно во 21-от век да се живее во демократска земја, а не во диктатура.

Изминатите 24 часа руските полициски сили приведоа над 400 лица кои оддаваа почит на најголемиот непријател на Путин и на Кремљ кој се бореше против корупцијата во земјата и објавуваше истраги и сознанија за инволвирани лица во овие скандали, високо позиционирани во безбедносните структури, но и за самиот претседател.

Варвара: Тој е многу силна личност и мислам дека цела Русија страда затоа што изгубивме таков херој.

Новинар: Зошто е ова важно за вас?

Варвара: По настаните во 2022 година, тој стана мојот прв вовед во светот на политиката, ми ги отвори очите и ми покажа каде всушност живееме.

Навални беше гласен во своите немилосрдни критики за Кремљ дури и откако преживеа труење со нервен агенс и доби повеќекратни затворски казни.

Неговата ненадејна смрт е силен удар за многу Руси, кои своите надежи за иднината ги положија на најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин.