Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И „Продолжуваме со промените“, по ГЕРБ, го врати мандатот – ако не успее и третиот обид за формирање на влада, Бугарија оди на предвремени избори

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) денеска го врати мандатот за состав на влада, веднаш по негово врачување од претседателот на државата, Румен Радев.

Претходно, и Росен Жељазков, како кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, исто така веднаш го врати мандатот по неговото добивање. Од коалицијата ПП-ДБ уште минатата недела најавија дека нема да прават обиди за формирање влада и дека ќе го вратат мандатот во моментот на добивање.

Во согласност со Уставот, претседателот Радев сега треба да го додели третиот и последен мандат на некоја од другите парламентарни групи за кандидирање на премиер.

Според бугарскиот Устав, доколку првиот мандатар не предложи состав на министерски кабинет во рок од седум дена, претседателот го доверува мандатот на втората по големина група, а доколку и тоа не успее, тогаш на трета партија по негов избор. Доколку не се постигне согласност, се назначува преодна влада и се закажуваат нови избори во рок од два месеца.