Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во Кабул

/

пред 801 дена

Сподели преку :

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во соопштението на ИД се наведува дека при нападот врз возило со кое се транспортирале шиити, еден човек загина, а 13 се повредени.

ИД често презема терористички напади врз шиитски училишта, болници и џамии, како во Кабул така и во другите шиитски региони ширум Авганистан.

Огранокот на ИД е главен ривал на исламистичкото фундаменталистичко милитантно движење Талибан во Авганистан откако во август 2021 година талибанците ја презедоа контролата врз земјата.