ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница избра нови шест кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, кои ќе одржат на 19-ти октомври.
Владеачката партија се одлучи за Бети Стаменкоска Трајкоска како кандидат за општина Кисела Вода, Мирослав Славковски за општина Старо Нагоричане,
Илија Тентов за општина Дојран, Сашко Велјановски за општина Долнени,
А за Ранковце за Даниел Павловски.
ВМРО-ДПМНЕ за општина Кочани повика на обединување околу, како што порачаа, натпартискиот кандидат, докторот Владко Грозданов.











