Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници доктори од Словачка дадоа колективен отказ

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Повеќе од 2.700 словачки лекари колективно ја напуштија работата, во знак на протест поради работните услови и владините мерки за штедење. Лекарскиот синдикат ЛОЗ соопшти дека тоа е повеќе од половина од лекарите во земјата. Порачаа дека подготвени се да ја повлечат својата одлука, доколку Владата исполни голем број барања, како нова болничка опрема и ангажирање дополнителен персонал. Засега нема договор со новиот словачки министер за здравство.

Главниот поттик на масовниот отказ на докторите се мерките за штедење што во текот на летото ги најави владејачката коалиција од три партии предводена од премиерот Роберт Фицо. Дел од таа програма е напуштање на ветените покачувања на платите на лекарите и медицинскиот персонал, како и планот за претворање на болниците во јавно-приватно партнерство, што претставниците на лекарите го сметаат за „бавна приватизација“ на здравствените установи.