Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници луѓе се евакуирани од Хаваи заради опасноста од најлошите поплави во последните 20 годин

/

пред 198 дена

Сподели преку :

Илјадници жители на Хаваи добија наредба да ги напуштат своите домови, откако оваа американска сојузна држава беше погодена од најтешките поплави во последниве децении.

Ова е втора силна бура што го погоди архипелагот во последната недела, предизвикувајќи штета што може да надмине 1 милијарда долари, според градоначалникот на Хонолулу, Рик Бланџиарди.

Повеќе од 230 луѓе досега биле  спасени, изјави Бланџиарди на прес-конференција. Обилните  дождови започнаа во петокот и продолжија со ненамалено темпо.

Властите предупредија дека брана на Оаху, најнаселениот остров во државата, е во ризик од уривање.

Бланџиарди ги повика жителите „да останат безбедни“ и „да ја сфатат бурата максимално сериозно“.

На истата прес-конференција, гувернерот Џош Грин изјави дека нема пријавени жртви и ги пофали службите за итни случаи за нивната работа.

„Ова е најголемата поплава што сме ја имале во Хаваи во последните 20 години“, рече тој. Во некои области паднале повеќе од 25 см дожд, а ветровите достигнале брзина до 160 км на час.

Надојдените води подигнале куќи и автомобили и предизвикале евакуација на околу 5.500 луѓе северно од главниот град Хонолулу. Патишта низ островите се затворени.

Одделот за управување со итни ситуации во Хонолулу издаде повеќе предупредувања за ненадејни поплави и ги повика жителите да се преселат на повисоки места и да избегнуваат поплавени области.

Предупредувања за поплави се издадени и за Мауи, Молокаи и Хаваи.