Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници маршираат низ Мексико Сити во поддршка на Палестинците

/

пред 425 дена

Сподели преку :

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Мексико Сити за да побараат земјата да ги прекине дипломатските односи со Израел поради тековната војна во Појасот Газа.

Демонстрантите маршираа низ градот, удирајќи тапани и тави, мавтајќи со знамиња и транспаренти и скандирајќи во поддршка на Палестинците.

Многу од демонстрантите рекоа дека сцените што ги виделе додека војната продолжува во Газа ги натерале да излезат и да ги изнесат своите барања до владата.

-Изненадувачки е што ова се случува во денешно време и што ние го гледаме, бидејќи социјалните медиуми навистина ни ги отворија очите кон светот, рече  Софија Камперо, една од демнострантите.

-Ми изгледа изненадувачки што го гледаме тоа и не правиме ништо, и можеме само да продолжиме со нашите животи како ништо да не се случило, додаде таа.

Војната беше предизвикана од нападот предводен од Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници.

Во одмаздничката офанзива на Израел загинаа над 61.900 луѓе во Газа, според Министерството за здравство на Газа, кое не прецизира колку од нив биле борци или цивили, но вели дека околу половина биле жени и деца.

Министерството е дел од владата предводена од Хамас и е составено од медицински професионалци. ОН и независни експерти го сметаат за најсигурен извор за жртви. Израел ги оспорува своите бројки, но не ги достави своите.