Со средства и персонал, Фронтекс ќе го зголемува капацитетот на македонските гранични сили за менаџирање со миграцијата и заштита на границата и ќе дејствува под команда на граничните сили на Северна Македонија… За еврокомесарката за внатрешни работи на Европската Унија, Илва Јохансон, потпишувањето на договорот на земјава со Фронтекс е историски чекор, и им се заблагодари на индивидуалните држави кои до сега со своите сили ѝ помагале на Македонија.
Целосното интервју со еврокомесарката Јохансон ќе можете да го погледнете во вестите на Телма во 15:30 часот.











