Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Има деменција и афазија – Брус Вилис не зборува повеќе, се откажа од актерство, се повлече од јавниот живот

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Брус Вилис (68) повеќе не зборува. На славниот холивудски актер во февруари лани му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Една година претходно беше откриено дека има афазија – нарушување на говорот. Поради болеста се откажа од актерство и целосно се повлече од јавниот живот.

Познатиот актер денес го минува времето со семејството кое често објавува постови за неговата здравствена состојба на социјалните мрежи.

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис (45) редовно ги известува обожавателите за состојбата во која се наоѓа, но и ја подигнува свеста против деменцијата. Неговиот, пак, пријател Глен Гордон Керон претходно откри дека актерот не е добар.

Брус има две ќерки со сопругата Ема – Мејбел (11) и Евелин (9). Од бракот со актерката Деми Мур има три ќерки – Румер (35), Скаут (32) и Талулу (30).