Македонија увезува неопасен отпад од земји членки на Европската Унија (ЕУ), но поголем проблем е што заедно со него се увезува и опасен отпад од земји кои не се членки на Унијата.
Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“ вели дека Министерството за животна средина ги потврдило информациите за издадените дозволи за увоз на опасен отпад, но не и реалните количини.
Македонија со години е затрупана со отпад. Има само една депонија која ги исполнува минималните стандарди и околу 2.000 диви депонии кои ги трујат граѓаните.











