Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

IN MEMORIAM: Почина Хилда Кондовска

/

пред 1268 дена

Сподели преку :

На 81 годишна возраст, почина Хилдегард – Хилда Кондовска, телевизиски новинар од првите генерации на МТВ. Својата долга и богата новинарска кариера ја започна есента 1962 година, по враќањето од Италија, каде ги посетуваше курсевите што во тоа време ги организираше RAI – Италијанската радио телевизија.

Кондовска беше новинар, коментатор и уредник на Редакцијата за култура и уметност на ТВ Дневникот на МТВ, каде што го мина најголемиот дел од работниот век. Во 1992 година, мина во Културната редакција на МТВ. Зад себе остави големо новинарско наследство, како уредник на серија емисии за македонските цркви и манастири, портрети на современи писатели, композитори, драмски, музички, балетски и ликовни уметници, а беше и автор на емисии од историјата на македонскиот театар, градот Скопје и други.

Кондовска работеше и за весниците Нова Македонија, Вечер, Културен Живот и други.

Погребот на Хилда Кондовска ќе се изврши утре на градските гробишта во Бутел, во кругот на семејството.