Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(IN MEMORIAM) Почина Валентин Тино Зафировски

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Телевизија Телма денеска се простува од свој долгогодишен колега и пријател, Валентин Тино Зафировски. Зафировски како близок соработник е во нашата телевизиска куќа од самите почетоци и се вбројува во основачката група која ја изгради денешната Телма телевизија.

Тино, со својата професионалност и луцидност, беше редок соработник кој остави длабока трага за неколку генерации медиумски работници. Неговите приказни остануваат да се прераскажуваат меѓу колегите, а дел од нив ги креираше во телевизиски проекти.

Кариерата на Зафировски, како правник, започнува во Сојузот на синдикати на Македонија, а продолжува да се развива во спортското новинарство како известувач за „Млад борец“, за потоа и како дел од спортската редакција на списанието „Скок“, дел од Новинско-издавачкото претпријатие „Нова Македонија“.

Зафировски почина на 67 години во Скопје.