Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иницијативата „Кој е следен?“ повика на нов протест за денеска

/

пред 559 дена

Сподели преку :

Системот заборава, ние не!“ – под овој слоган, иницијативата „Кој е следен?“ најави уште еден протест што ќе се одржи денеска со почеток во 18:00 часот пред Владата.

Од таму, предвиден е марш преку Судскиот совет и Собранието до Кривичниот суд.

  • „Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да не исплашат, секоја неправда со која сакаат да не замолчат“, се вели во најавата на протестот.

Од таму додаваат дека два месеца граѓаните бараат промена, „но ништо не се менува“.

„По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки“, велат од „Кој е следен?“ од каде ги повикаа сите граѓани да излезат и да дадат поддршка.