Иницијативата за зголемување на цената по изминат километар не се најде на дневен ред, приватниците одлучија да престанат да возат, а граѓаните останаа на автобуските постојки со саати да чекаат автобус. Ситуацијата со јавниот градски превоз ја оценуваат како срам за државата.
Нешто по 12 часот приватните превозници одлучија да се исклучат од сообраќај и со нивните автобуси да се упатат кон градското собрание каде со свирежи го изразија револтот што иницијативата не се најде на денешната седница на советот на Град Скопје.
Оваа одлука на приватниците претходеше откако иницијативата со образложение не беше ставена на дневен ред.
Приватните превозници неколку месеци возеа редуцирано надевајќи се дека нивните проблеми, односно исплата на долгот и зголемување на цената за километар ќе се решат. Во понеделникот одлучија целосно да се пуштат во соорбаќај за да им помогнат на граѓаните. Се надеваа и дека надлежните ќе ја стават иницијативата за зголемување на цената по изминат километар на денешната седница. Но иницијативата не се најде на дневен ред, а советниците не го изгласаа ниту проектот за БРТ ниту за набавка на нови еко автобуси.
Симона Петровска











