Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инспекција ја затвори мензата во „Рек Битола“поради сомневања за труење со храна

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „Рек Битола“ поради сомневања за труење со храна. Велат така ќе остане се до добивање на конечни резултатите.

Од центарот за јавно здравје ги анализираат мострите од површините, а направена е и епидемиолошка анкета.

Телма информираше дека повеќе од 80 вработени во Рек Битола побарале лекарска помош во клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, предходно конзумирале лазањи со сос во работничката менза на неколку лица им била дадена инфузија, а едно лице е упатено на интерно одделение, информираа вчера од клиничка болница Битола.

Комбинатот, пак, демантираше дека има масовно труење. Кујната беше повторно отворена во септември минатата година, по долгогодишна пауза, а со неа управува ЕСМ Молика.