Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инспектори од АХВ потврдија дека заловеното животно во Козле е волк, а не куче

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска.

„Од секое негово движење, и сите карактеристики  во изгледот  јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат дека можеби е украдено од некоја друга држава, дали можеби е донесено од некоја друга зоолошка, но додека не го утврдиме тоа не можеме да знаеме дали е микорчипирано или не и ќе биде под постојан надзор.

Драго ми е што повеќе луѓе потврдија дека станува збор за волк. Тука беше директорот на Лајка Војислав Димитровски, иснпектори од АХВ кои го потврдија, нашите вработени и колеги од други зоолошки“, рече Мицкоска.

Од ЗОО Скопје исто така информираа дека денеска дошле и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се увериле дека не станува збор за нивното куче.

Синоќа, по пријава на граѓани во населбата Козле беше заловен волк, кој според надлежните бил питом и мирен и најверојатно бил чуван во домашни услови. Тој имал и ременче. Сместен е во Зоолошката градина во Скопје.

 

Заловен волк во скопска населба – сопственикот го чувал како домашно милениче