Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Институтот за комуникациски студии го промовираше Речникот на медиумската писменост

/

пред 1225 дена

Сподели преку :

Создавањето на Речникот на медиумската писменост има за цел да се користи како унифицирана јазична основа и како водич за сите оние што сакаат и што имаат потреба да бидат упатени во областа на медиумската писменост. Според главниот редактор Емил Ниами медиумската писменост е релативно нова на овие простори кај нас и многу се зборува за неа, меѓутоа не постоеше лексикографски опис кој што ќе овозможи точно да ги детерминираме термините којшто се поврзани со медиумската писменост.

Речникот нуди толкување на повеќе од 700 поими.

Речникот на медиумската писменост достапен e како онлајн публикација на македонски и на албански јазик, а за секој термин е дадена и неговата англиска варијанта. Кај поголемиот број термини дадена е и дополнителна информација за нив, со цел корисникот да добие целосна претстава за самиот термин. Во иднина идејата е оваа публикација да се ажурира и да се збогатува со нови поими.

Нина Стефанова