Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран и САД постигнаа „добар напредок“ во преговорите

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Иако Иран и Соединетите Американски Држави одржаа часови долги индиректни преговори за иранската нуклеарна програма, сепак тие завршија без постигнат договор.

Сепак Оманскиот министер за надворешни работи, Бадр ал-Бусаиди, кој посредуваше во разговорите во Женева, изјави дека има „значителен напредок“, без да даде детали. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, рече дека е „постигнат добар напредок“ и дека започнале сериозни дискусии за елементите на можен договор, особено за нуклеарните прашања и укинување на санкциите.

Меѓутоа, иранската државна телевизија соопшти дека Техеран е решен да продолжи со збогатување ураниум, го одбива предлогот за негово пренесување во странство и бара укинување на меѓународните санкции… Ал-Бусаиди рече дека техничките разговори ќе продолжат следната недела во Виена, каде што е седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија.