Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран може да одржи нуклеарни разговори со три европски земји

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Иран, Велика Британија, Франција и Германија се согласија да одржат разговори за нуклеарната програма на Техеран следната недела, објавија денеска иранските медиуми.

Објавата доаѓа по предупредувањата од трите европски земји дека доколку Иран не ги продолжи разговорите, тоа ќе доведе до повторно воведување меѓународни санкции врз земјата, пренесува МИА.

–Принципот на разговорите е договорен, но консултациите продолжуваат за времето и местото на овие разговори. Земјата каде што би можеле да се одржат разговорите следната недела не е конечно одредена, додаваат медиумите, повикувајќи се на официјален претставник во Техеран.