Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран нападна база на САД во Бахреин, како одговор на американските удари – опасна ескалација на Блискиот Исток

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Иранската војска соопшти дека извршила напад со беспилотни летала врз американската база Шеик Иса во Бахреин, што, како што се наведува, е одговор на американските напади врз цели на југот на земјата.

„По непријателската агресија на САД врз воени и цивилни подрачја на југот на земјата и кршење на меморандумот од 14 точки, јуришни дронови на војската на Исламската Република Иран утрово нападнаа позиции на американските непријателски сили во база Шеик Иса во Бахреин“, се наведува во соопштението на иранската војска што го пренесе агенцијата ИРНА.

Иранската војска претходно соопшти дека на мета на нејзините напшади се нашле 85 воени локации на САД во Бахреин и во Кувајт.

САД извршија воздушни напади на над 80 цели во Иран