Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран негира дека двете ракети испукани кон Турција се од нив

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Двете ракети испукани кон Турција не  потекнуваат од Иран, вели иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

За време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Пезешкијан „изјави дека ракетите што влегле во турскиот воздушен простор не биле од иранско потекло и дека прашањето ќе биде темелно истражено“, соопшти турското претседателство рано утрово.

Турција, членка на НАТО, во понеделник соопшти дека балистичка ракета лансирана од соседен Иран била неутрализирана од одбранбените системи на алијансата додека влегувала во турскиот воздушен простор.