Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран погоди американски Ф-35 – стелт авионот од петтата генерација, кој чини над 100 милиони долари, мораше принудно да слета

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Американски ловец од типот Ф-35 принудно слетал во база на САД на Блискиот Исток, откако е погоден со проектили за кои се верува дека потекнуваат од Иран, велат два извора запознати со ситуацијата за „Си-Ен-Ен“.

Капетанот Тим Хокинс, портпарол на американскиот Центар за командување, потврди дека стелт авионот од петтата генерација „бил во борбена мисија над Иран“, кога морал да изврши принудно слетување. Тој додаде дека авионот слетал сигурно и оти во тек е истрага за инцидентот.

„Авионот слета сигурно, пилотот е во стабилна состојба. Инцидентот се истражува“, изјави Хокинс.

Ова е прв ирански погодок на американски авион од почетокот на војната на 28 февруари. И САД и Израел користат Ф-35 во воздушната кампања против Иран. Цената на авионот надминува 100 милиони долари.

Инцидентот со американскиот Ф-35 доаѓа во ден во кој министерот за одбрана, Пит Хегсет рече дека САД „дефинитивно победиле“ и оти иранските противвоздушни системи се „целосно уништени“.