Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран претстави хиперсонична ракета закоја тврди може да ја пробие израелската „Железна купола“

/

пред 1066 дена

Сподели преку :

Иран претстави нова хиперсонична ракета за која тврди дека може да лета 15 пати побрзо од брзината на звукот и да навлезе во израелската противвоздушна одбрана, Железната купола.

Хиперсоничната ракета Фатах II – што на персиски значи „освојувач“ – е ажурирана верзија на оригиналната Фатах што беше објавена во јуни и која има дострел од 1.400 километри, објави британски Телеграф.

Главната иновација на ракетата е нејзината способност да ја избегне противвоздушната одбрана… За сега нема официјален одговор од САД или Израел но Пентагон претходно изрази скептицизам за ваквите тврдења.

Исламската република е главен снабдувач со ракети и друго оружје на Хамас и Хезболах, кои и двете ги лансираа во Израел по нападите на 7-ми октомври.