Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран со дронови и проектили нападна цели во Пакистан

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Иран изврши серија напади со дронови и проектили врз цели во Пакистан. Мета на иранскиот напад бил штаб на милитантна група која според Ал Арабија, се спротивставува на Техеран во Пакистан.

Новинската агенција Тасним објави дека два „важни штаба“ на Џаиш ал-Адл што во превод значи Армија на правдата во Пакистан биле „уништени“.

Агенцијата соопшти и дека нападите биле насочени кон област во пакистанската провинција Балучистан „каде што се наоѓало еден од најголемите штабови на групата.

Џаиш ал-Адл е сунитска милитантна група која дејствува во немирната југоисточна иранска провинција Систан-Балучистан.

Таа, наводно, бара поголеми права и подобри услови за живот за етничките Балучи во Иран.

Групата е формирана во 2012 година, а е означена како „терористичка“ организација од страна на Техеран.

Низ годините извршила бројни напади врз иранските безбедносни сили.

Минатиот месец Џаиш ал-Адл ја презеде одговорноста за нападот на полициска станица во Систан-Балучистан во кој загинаа најмалку 11 полицајци.