Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранскиот претседател потпиша закон за запирање на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан потпиша закон кој наложува запирање на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), јавија државните медиуми во Техеран.

Закон беше усвоен во иранскиот парламент во минатиот месец, а одлуката, според Ноурњуз, треба да ја потврди уште Врховниот совет за национална безбедност за да стапи на сила. Станува збор за законски акт кој би можел дополнително да ги затегне односите меѓу Техеран и меѓународната заедница, особено во делот на пристап до иранските нуклеарни капацитети и транспарентноста на иранската нуклеарна програма.

Закон беше донесен во контекст на сè поизразените тензии со САД и Израел. Техеран тврди дека Израел настојува да го спречи Иран во развојот на нуклеарни капацитети што, според ирански официјални претставници, било причина за последниот конфликт.

Иран категорично ги отфрла наводите дека развива нуклеарно оружје, истакнувајќи дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни и мирољубиви цели.