Патот до село Дуф во Општина Маврово – Ростуше е прооден, а екипите за расчистување продолжуваат со работа. Во текот на неделата ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник, кој од 3 декември е непрооден.
Центарот за управување со кризи информира дека планираат активности со „Македонијапат“ за расчистување на овој патен правец. Регионалниот ЦУК Тетово известува дека по добиената информација дека патот Маврово – Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, веднаш е стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе направат договор со трети лица и ќе преземат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.
Во последните 24 часа, ЦУК примил 1.679 повици, од кои повеќе од половина биле итни.











