Кочанската трагедија направи колективен шок. Таа јасно покажува дека таквите настани не се резултат на еден пропуст или погрешна одлука, туку се резултат на синџир на пропусти, рече аналитичарот Џенур Исени во „Директно“ на Телма ТВ.
„Тоа треба да биде поука и за локалната и за централната власт дека не треба да дозволат системот да ги нормализира таквите ризици, наместо да ги спречат“, вели Исени.
За него, проектот „Безбеден град“ е добра работа за спречување на трагедиите низ патиштата. Исени ги спомена и Локалните избори за кого беа најважниот политички процес во земјата.
„Не донесоа ништо ново. Само го потврдија легитиметот на власта на парламентарните избори“, смета Исени.
С.Д.











