Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исклучена струјата во МЖ Транспорт, Клинички центар е следен

/

пред 1401 дена

Сподели преку :

Железница од утрината без електрична енергија, деловите кои се под Електродистрибуција се отсечени од мрежата, дознава Телма.

МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. Ова претпријатие важи за загубар и подолго време има проблеми со финансиите.

Од ЕВН денеска до пладне чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот на Клинички, којшто пак е повисок од седум милиони евра. Ако тоа не се случи „Мајка Тереза“ од денеска ќе биде без струја. Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја и сега државата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири овој милионски долг.

Информацијата на Телма ја потврдија и од Електродистрибуција.

Ирена Чачкова