Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исламска држава се заканува со напади на фудбалските стадиони во Лондон, Париз и Мадрид

/

пред 912 дена

Сподели преку :

Исламска држава, преку својата фондација Ал Азаим, објави закана со напади на фудбалски стадиони во Лондон, во Париз и во Мадрид во пресрет на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони, пишува шпанска „Марка“.

Под закана на исламските екстремисти се најдоа средбите Арсенал – Баерн Минхен, Реал Мадрид – Манчестер сити и ПСЖ – Барселона и Атлетико Мадрид – Борусиија Дортмунд.

Шпански официјални лица, како што пренесува „Марка“, порачале дека нема причини за загриженост и оти наводните закани на Исламска држава се веќе примени безбедносните сили. Засега нема промени во однос на организација на мечевите во Мадрид за кои веќе постоеја посебни мерки на безбедност, бидејќи шпанската полиција ги смета како натпревари со висок ризик.