Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исплатата на „Мој ДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември

/

пред 317 дена

Сподели преку :

По реакциите на граѓаните дека доцни исплатата на „Мој ДДВ“, се јавија надлежните инстутуции кои велат дека исплатата на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември. Граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата треба да ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки во наредните денови, велат од Финансии.

Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени. Исплатите ќе се вршат по етапи, со цел да нема технички преоптоварувања, но ќе бидат комплетирани во рокот што е најавен.

Оваа исплата е особено значајна за граѓаните бидејќи доаѓа пред новогодишните празници, период кога трошоците традиционално растат. Официјалните лица потсетуваат дека мерката „Мој ДДВ“ останува една од најкористените алатки за стимулирање на безготовинските трансакции и за намалување на сивата економија.