Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исти бројки, различен резултат

/

пред 1084 дена

Сподели преку :

Читаат со иста азбука и сметаат со исти бројки, но не добиваат ист резултат. Власта и опозицијата различно ги толкуваат и проекциите на меѓународните финансиски институции, но и ефектот на мерките за излез од кризата.
За опозицијата, пак, бројките на ММФ покажуваат двоцифрена инфлација од 10 отсто, додека СДСМ со розови очила гледаат 5 отсто. Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ на трибина објаснуваше дека, токму замрзнувањето на цените влијае на нивниот раст.

Кочоска забележа и дека, минималната плата не ја следеше продуктивноста, додека во земјоделието субвенционирањето или се намалува или е на исто ниво, секој ден се менуваат мерки и ДДВ, а од друга страна растат каматите на кредитите, што создава непредвидлива околина.

И вицепремиерот Фатмир Битиќи деновиве призна дека власта и опозицијата различно гледаат на работите, особено на тоа како ја интерпретираат моменталната инфлација во земјава и дека секој ги толкува бројките како што сака. Тие, како што рече, зборуваат за просечна, а власта за месечна инфлација.Но, тоа според него, е убавината на демократијата.

Далиборка Дамјанска Цветановска