Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истрага против очув и мајка кои се осомничени за обљуба на малолетно девојче

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“, поради сомневање дека очувот подолг период сексуално злоупотребувал малолетно девојче, а мајката не го спречила ниту пријавила случајот.

Според обвинителството, осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.

„Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа“, велат оттаму.

Предметниот јавен обвинител предложил на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост.

„Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата“, дополнуваат од ЈО.