Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истрагата треба да покаже кои се причините за повредите кај четириготишното дете од Струмица

/

пред 1003 дена

Сподели преку :

Случајот со четиригодишното девојче кое со инфицирани рани и скршени ребра на 17 јануари е донесено во струмичката општа болница, веднаш бил пријавен во полиција, потврдуваат од СВР Струмица. Поради тешката состојба во која се наоѓало девојчето, истиот ден е префрлено на клиниките Мајка Тереза во Скопје. СВР вели дека по прегледот било констатирано дека детето е физички нападнато, па за настанот информирале и инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар.

Мајката тврдела дека детето е нападнато од куче, но директорката на детската клиника во Скопје вели дека информиран е и јавен обвинител од основното јавно обвинителство во Струмица кој веднаш повикал судски вештак.

Истрагата треба да покаже како точно настанале повредите кај девојчето, и дали изјавата на мајката е веродостојна.

Пред две седмици, на скопската клиника почина двегодишно девојче од Кичево. Мајката тогаш тврдеше дека детето е повредено во детска игра, но првичната истрага на полицијата укажува на семејно насилство, а таткото е осомничен за убиство на детето.

Сузана Мицева