Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италија го потврди првиот случај на птичји грип Х9Н2 кај човек во Европа

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Италија го потврди првиот случај на птичји грип Х9Н2 кај човек на подрачјето на Европа. Заразеното лице, кое допатувало надвор од континентот, е хоспитализирано во регионот на Ломбардија, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Пациентот кој има и други здравствени проблеми е во болничка изолација и под терапија.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), од 1998 година до 27 февруари оваа година се забележани 195 случаи на зараза со вирусот А (Х9Н2) кај луѓе. Сите досега се пријавени во земји во Африка и во Азија.

Агенцијата нагласува дека никогаш досега не се регистрирани кластери на заболени, ниту пренесување на вирусот од човек на човек. До заразата кај луѓе најчесто доаѓа со директен контакт со заразени птици или контаминирана околина.

Од ECDC додаваат дека проценката за ризик врз општата популација во Европската унија е многу ниска.