Претседателката на Државната Комисија за Спречување на Корупција, Билјана Ивановска, во гостување во емисијата Топ тема на Телма, рече дека против директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми отворен е предмет од времето кога бил истражител во Специјалното јавно обвинителство поврзан со случајот „Трансмет“.
„Има повеќе пријави за директорот на финансиската полиција. Во време кога се работел предметот „Трансмет“ тој бил истражител. Но, има стигнато и други пријави од анонимни граѓани кои се однесуваат за неговото сегашно работење“, рече Ивановка.
Првата антикорупционерка не сакаше да открие за што станува збор, и рече дека штом завршат предметите, тие ќе ја информираат јавноста на јавна седница.











