Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Различни жени слично доживуваат, различно ќе пострадаат, најмногу се страда од психолошка контрола

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Различни жени слично доживуваат, различно ќе пострадаат, сите ќе страдаат на некој начин, меѓутоа степенот до кој ќе страда некоја жена зависи од многу работи, истакна Фросина Ивановска, психолог, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Зависи од тоа како растела, дали е економски независна, има ли поддршка, дали работи, во каква средина функционира, како таа средина гледа или не гледа на насилството, дали таму е нормализирано и прифатливо, итн. Најмногу се страда од психолошка тортура или присилна контрола која што можеби не е видлива кога жена ќе дојде и ќе пријави“, вели Ивановска.

Тоа, според неа, е систем во кој живее и функционира жртвата и тешко може да излезе.

„Тешко може да се види себеси надвор од тоа и верува дека е таква каква што системот кој што ја точчи 15, 20 години или 5 години, дека таква е, дека има вина, дека е виновна, дека е невредна и дека не може да се заштити“, нагласи Ивановска.

С.Д.