Поранешната анти – корупционерка, сега кандидат за градоначалник на Центар Биљана Ивановска се појави во Јавното обвинителство.. Таму дозна од кого е кривичната пријава – за која експресно беше повикана да даде исказ во ЈО. Но не можеше да го открие неговото име, за да, како што рече, не го наруши тековниот правен процес..
Станува збор за пријава за несовесно работење во службата – за предмет во антикорупциската комисија. Незадоволна странка бара од обвинителството одговорност од Ивановска, затоа што бил лут како антикорупционерите комуницирале кога на седница се дискутурало за предметот против него.Таа на обвинителите им објаснила дека начинот на постапување на седницата на која се расправало за овој случај бил согласно внатрешните процедури на Комисијата за спречување корупција..
- Наводно начинот на кој што ние сме ги отварале предметите во Државната комисија за спречување корупција и споделувањето на информациите во јавноста било на некој начин спорно за пријавителот. Денес на средбата со обвинителката јас појаснив на кој начин Државната комисија за спречување корупција ги оформува предметите тоа е една широка лепеза на можности кои ни ги дава законот. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива и тоа иницијатива од член на нашата комисија. Предметот се работел, на крај предметот е без некој наоди, постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е како и на кој начин ние сме комуницирале со јавноста, а јавноста знае дека ние како ДКСК бевме транспарентни и ги споделувавме предметите и информациите, изјави за медиумите Ивановска.
Ивановска и денеска рече дека има сериозни замерки на обвинителството, кое ја повика на распит ден по објавување на нејзината кандидатура, иако пријавата била поднесена уште во февруари годинава..











