Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Даштевски буни со бројките, со 452.412 гласа објави процент над цензусот

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на последната прес конференција објави дека според дотогаш обработени податоци, излезноста на претседателските избори била 42,32% со што е исполнет цензусот.

Од друга страна, Даштевски соопшти дека од обработени 2.040 избирачки места што е помалку од 60 % од вкупниот број (запишани 1.069.029 гласачи)- излезноста изнесува 452.412 избирачи кои гласале.

Тоа е околу 270 илјади гласови помалку од потребниот цензус од вкупно 725.728 избирачи кои треба да гласаат за да се исполни цензусот од 40 %.

Даштевски не сакаше да прецизира зошто на тој начин се пренесуваат информациите туку одговараше дека излезноста е на тој начин пресметана од податоците кои стигнале, а други дополнително се обработуваат.

Во меѓувреме, на сајтот на ДИК, процентот на излезноста до 17 часот се спушти под цензусот и сега изнесува 39,33% или 707.657 излезени гласачи.

На тој начин, може и избирачи да се одлучат наместо да гласаат доколку сакаат да успее вториот круг може да се предомислат.

До цензусот сега се потребни уште 18.071 гласови во наредните 2 часа, а таа бројка дополнително е помала  бидејќи се уште не се пресметани и гласовите од дијаспората. Оваа бројка потребни гласови за цензус е достижна бидејќи за период два часа во целиот изборен ден имаше поголема излезност.