Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Митинг-двобојот“ во Тетово сепак нема да се одржи?!

/

пред 885 дена

Сподели преку :

„Митинг-двобојот„ закажан во Тетово на Ѓурѓовден, сепак е неизвесен. Од „Вреди„ ќе ја преиспитаат одлуката, да го одржат завршниот митинг на 6 мај на тетовскиот плоштад, истовремено кога на истото место и во истиот термин, митинг имаат закажано и од „Европскиот фронт„. Тврдат дека ДУИ не се во право кога велат дека први го резервирале местото, но сакаат да спречат провокации и инциденти.

Од Европскиот фронт немаат намера да го откажат митингот или да го сменат терминот.

За изјавата на Мицкоски, дека ДУИ подготвува инциденти и во главниот град, Арта Зендели вели дека е нејасна и несериозна.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, вчера предупреди дека, група на вооружени лица се движи низ Чаир и Бутел и нив ги координира соработник на Али Ахмети, со цел да предизвикаат инциденти.

Далиборка Демјанска Цветановска