Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Први поенти од завршените избори- обезбеден цензус за претседателски избори, тивок бојкот на ДУИ со потврда од Арбер Адеми кој јавно соопшти дека не гласал

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Затворени избирачките места. Цензусот за избор на Претседател обезбеден во последните два часа од гласањето. Парламентарните избори со поголем одзив од вториот круг на претседателските.

До 18:30 часот излезност за претседателските избори-46,44%. До 18:30 часот излезност за парламентарните избори- 53,41%. За избор на Претседател потребно е да гласаат најмалку 725.728 запишани избирачи или 40%+1 од запишаните во Избирачкиот список. Досега гласале 779.608 избирачи на претседателските избори.

Се избираат 120 пратеници во 6 изборни единици.

Пендаровски (СДСМ): Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост и почит кон важноста на функцијата Претседател.

Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ): Честитки до македонскиот народ, ќе има нов Претседател, обезбеден цензус и покрај бојкотот на ДУИ.

Арбер Адеми (ДУИ) Не гласав за претседател, ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието.

Карапејовски (ЗНАМ): Нашата цел е долгорочно факторизирање на политичката сцена.

Кузеска (СДСМ) на прашање за бојкотот на албански политички партии: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките кои ги донела.

Коалицијата „Вреди“ смета дека освоиле 100 илјади гласови.

Изет Меџити (Демократско движење, „Вреди“): Влен е апсолутен победник во албанскиот кампус, Ахмети од денеска е најголем политички губитник.