Откако опозицијата побара укинување на пржинската влада за да не може ДУИ да добие премиер на 100 дена пред избори, министерот за надворешни и портпарол на ДУИ, Османи смета дека за овие избори нема простор за промена на моделот на пржинска влада, затоа што изборите се многу блиску за да се менуваат правилата на игра.











