Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител.

Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата потребни му се најмалку 61 пратенички глас.

Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка во која учествуваа петмина кандидати.