Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, четири се под контрола

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие се евидентирани 33 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четити се под контрола, а 28 се изгаснати, соопшти утринава Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот кај село Нивичино во Општина Василево каде што гори нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, кај Николич во Општина Дојран, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, како и пожарот на градската депонија во Демир Хисар.

Изгаснати се 28 пожари, меѓу кои и кај селото Мршевци помеѓу Рафинерија и Индустриска зона Бунарџик во Општина Илинден. Пожарот кај Мршевци поради ветерот се прошири кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Од огнот делумно беше зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци.