Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот кој доцна синоќа избувна во магацин на Македонски Железници

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Неколку пожарникари останаа да ја следат состојбата во депото на МЖ- Транспорт, откако доцна синоќа избувна пожар. Огнената стихија зафати хангар во кој имало стари и неисправни вагони и локомотиви. Повредени нема, а во гаснење на пожарот учествувале 30 пожарникари со 10 противпожарни возила.

Локализиран, па повторно бил активиран пожарот кој избувна во хангар сопственост на „Македонски железници“ на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Случајот бил пријавен и во МВР, а инспекторите ќе ги прегледуваат надзорните камери за да се утврди што точно се случило и како настанал пожарот.

„Во 03:30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот“, велат од МВР.

Против пожарната бригада неколку часа после полноќ интервенирала и на уште еден пожар во скопската населба Влае, каде горела кровна конструкција на куќа на улицата „Иван Цанкар“. Пожарот е изгаснат а на терен интеревенирале 12 пожарникари со четири противпожарни возила.

Симона Петровска